Друштво за организирање електронски игри на среќа Нова Државна Видео Лотарија - Ново ВЛТ ДOO Скопје е трговско друштво со ограничена одговорност со препознатлив бренд на корпоративна култура на највисоко ниво кое е во заедничка сопственост на АД Државна лотарија на Македонија и „ХТЛ Македонија ДООЕЛ Скопје“
МИСИЈА
Нашата мисија е одговорно приредување игри на среќа на видеолотариски игри (ВЛТ апарати) за граѓаните на територија на Република Северна Македонија да можат да се забавуваат на апаратите кои се лесно достапни и привлечни во секое време.
ВИЗИЈА
Нашата визија е да бидеме компанија која расте, се развива во модерна компанија која ги имплементира најновите трендови поврзани со видеолотариските игри на среќа.
Во фокусот ни е создавање на јасна свест кај нашите посетители дека игрите на среќа не се извор на приход ниту брза заработувачка, туку пред се - игра за забава. Покрај тоа што работиме согласно предизвиците особено значење придаваме на одговорното играње. Со јакнење на брендот нашата главна цел е зголемување на кругот на среќни добитници.
Нови стандарди
Заеднички работиме кон постигнување на нашите цели со голема возбуда и страст кон работата, за на крај ги прославиме заднички нашите успеси.
Бренд
Постојано надоградување на брендот за да се создадат позитивни чувства кај целната публика
Соработка
Преку постојана и отворена комуникација, толерантен однос и меѓусебна соработка воспоставуваме пријателски односи со нашите партнери, со цел да постигнеме взаемен развој и одржливост.
Иновативност
Ентузијастички ги следиме светските трендови што не води до креативни и иновативни решенија
Упорност
Максимално се вложуваме кон спроведување и исполнување на воспоставените цели.
Етика и човечност
Со нашето работење применуваме принципи како емпатија, заедништво и меѓучовечки односи. Со цел работењето да претставува едно големо задоволство.
Одговорност
“Одговорна игра” е нашиот ФОКУС