ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ и КОЛАЧИЊА
на НОВО ВЛТ ДОО Скопје
Генерални информации за заштита на приватноста и личните податоци.
Почитувани играчи и корисници на услугите на НОВО ВЛТ ДОО Скопје.Стекнувањето доверба и одржувањето на довербата е од суштинско значење за она што ние го работиме.Поради тоа сме навистина посветени на транспарентност во нашиот однос и практики за заштита на Вашата приватност. Било кои лични информации и податоци што ќе ни бидат откриени а се сметаат за лични податоци, ќе бидат обработени само доколку за тоа постои законски основ, односно само за конкретна цел и секако со Ваша согласност во случаи кога е тоа неопходно, и затоа Ве покануваме да се вклучите во сите наши активности со целосна доверба од аспект на заштита на вашите лични и останати податоци. Ние не собираме или обработуваме информации односно лични податоци од деца.
Овој документ е Политика за приватност и колачиња и може да Ви помогне да ги пронајдете потребните информации за тоа како ние постапуваме со вашите лични податоци, односно колачиња кога пристапувате преку нашата веб страница www.novovlt.mk. Прочитајте го внимателно и во целост овој документ за поточно да дознаете кои лични податоци ги собираме,односно како ги собираме, за кои цели ги користиме, споделуваме чуваме и откриваме Вашите лични податоци. Нашата политика за приватност и колачиња редовно ќе се менува или ажурира во согласност со нашите активности и потреби за што ќе бидете благовремено известувани.Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте не директно на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Информации за контакт со Контролорот.
НОВО ВЛТ ДОО согласно Законот за заштита на личните податоци (Службен Весник на РС.Македонија бр.42/2020) е во својство на контролор на личните податоци кои ги обработуваме.За повеќе информации за прашања поврзани со обработка на лични податоци Ве охрабруваме да не контактирате во секој случај.
Постојат повеќе начини на кои можете да контактирате со нас, вклучително преку телефон, е-пошта или разговор во живо. Повеќе детали може да се видат на нашата веб-страница www.novovlt.mk
Нашата поштенска адреса е: 50 Дивизија бр.24А Скопје,Центар.
Детали за контакт на лицето одговорно за заштита на податоци:
Наш службеник за заштита на податоци(офицер) е Димитар Ѓеорѓиевски. Можете да го контактирате на електронска пошта This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или преку нашата поштенска адреса.
Како ги добиваме информациите и личните податоци кои ги обработуваме?
Повеќето лични податоци и информации што ги обработуваме ги добиваме директно од Вас заради една од следниве причини:
- Вие избирате пристап до нашите услуги и ресурси;
- Вие ја посетувате нашата веб страница или доставувате барање за информации до нас;
- Вие сакате да присуствувате или сте присуствувале на некој настан што сме го организирале.
- Вие аплициравте за работа кај нас;
- Вие ја претставувате Вашата компанија или институција при службен или деловен однос со нас.
Податоците што ги собираме се ограничени на видовите информации што обично можат да се најдат на вашата бизнис картичка, и обично но не исклучиво се однесуваат на:
- Вашето име и презиме;
- Наслов/позиција на вашето работно место;
- Името на компанијата/институцијата во која работите;
- Вашата службена адреса за е-пошта; и
- Вашиот телефонски број;
Информации што ги добиваме додека Вие сами пребарувате на нашата веб-страница (прелистување на податоци):
Покрај видовите информации што Вие сакате да ни ги доставите, ние ги добиваме и следниве технички информации, кои под одредени услови сепак може да се сметаат за лични податоци, самостојно или пак кога се комбинираат со други податоци:
- IP адреси и / или имиња на домени на компјутери што ги користите кога ги користите нашите услуги;
- URI (единствен идентификатор на ресурси) адреси на ресурси што ги бара вашиот веб прелистувач;
- Времето на барање;
- Методот што го користи вашиот веб прелистувач за поднесување на барањето до серверот;
- Големината на датотеката добиена во одговорот;
- Нумеричкиот код што го означува статусот на одговорот од серверот (успешен, грешка, итн.); и
- Параметри поврзани со оперативниот систем што го користите.
Користење и споделување на Вашите лични податоци.
Било какви лични податоци што ни ги доставувате, се користат од наша страна за да ви ги обезбедиме највисокиот квалитет на нашите услуги и информации наведени во овој документ. Ние никогаш нема да ги продадеме Вашите лични податоци на никого, ниту пак неовластено ке ги дадеме на некој друг на користење. Засега, ние не ги споделуваме Вашите лични податоци со трети лица, кои би можеле да го олеснат испорачувањето на нашите услуги на пример. Нашиот план за во иднина е да користиме услуга од трети страни за да Ви испраќаме информации за билтени во случај да сте се согласиле за тоа, но ова ќе биде прашање на ажурирана Политика за приватност и колачиња за што навреме дополнително ќе биде објавено соопштение на нашата веб страница.
Било какви лични податоци што сме ги стекнале за време на Вашето користење на нашите услуги се користат само за добивање анонимни статистички информации на нашата веб-страница, како и за проверка на нивното правилно функционирање односно подобрување на квалитетот на нашите услуги. Овие податоци се бришат веднаш по обработката. Ние не вршиме директен маркетинг и нема да ги споделуваме Вашите информации односно лични податоци со трети лица заради цели на директен маркетинг освен доколку за тоа немаме Ваша експлицитна согласност.
Вашите права за заштита на личните податоци:
Според Законот за заштита на личните податоци, Вие имате права за кои треба да Ве информираме. Правата што Ви се достапни зависат од целта, односно причината за обработка на Вашите лични податоци. Повеќе информации со оваa тема можете да најдете на веб страницата на Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk односно да поставите прашање до нашиот офицер за заштита на личните податоци на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежно регулаторно тело на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.. Во продолжение ќе ги најдете основните, односно базичните информации во врска со споменатите права:
1.Право на пристап.
Имате право да побарате од нас копии од вашите лични податоци. Ова право секогаш се применува. Постојат некои исклучоци, според законот, што значи дека не секогаш може да ги добивате сите информации што ги обработуваме.
2.Право на исправка.
Имате право да побарате од нас да ги исправиме информациите што мислите дека не се точни. Вие исто така имате право да побарате од нас да ги комплетираме информациите што мислите дека се нецелосни. Ова право секогаш се применува.
3.Право на бришење.
Во секој случај имате право да побарате од нас да ги избришеме Вашите лични податоци во одредени околности, но мора да имате предвид дека ова право се применува само под одредени услови согласно закон.
4.Право на ограничување на обработката.
Имате право да побарате од нас да ја ограничиме, односно прекинеме обработката на вашите лични податоци во одредени околности согласно со законот.
5.Право да се спротивставувате (барање да се прекине целосно со обработката) на обработката.
Имате право да се спротивставувате на обработка само доколку обработката на Вашите лични податоци не претставува дел од нашите законски обврски или е во наш легитимен интерес.
6.Право на преносливост на податоци.
Ова се однесува само на информациите што Вие ни ги давате. Вие имате право да побарате да ги пренесеме информациите, односно личните податоци што ни ги давате од една во друга организација (контролор) или да Ви ги дадеме Вам. Правото се применува само ако обработуваме лични податоци засновани на Ваша согласност, или во процес за склучување договор во кој вие самите сте едната страна односно доколку обработката е автоматизирана или ако ги обработуваме Вашите информации за цели на спроведување на законски обврски од домен на кривичното право и постапка.
7.Право да се жалите. (Право на приговор).
Ние работиме со високи стандарди кога станува збор за обработка на Вашите лични податоци и информации, сепак доколку имате било какви прашања или проблеми, контактирајте не на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и ние ќе одговориме.
Ако сепак од било која причина останете незадоволни, можете да поднесете жалба за начинот на кој ги обработуваме Вашите лични информации до Агенцијата за заштита на личните податоци на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Од Вас нема да се бара да платите никаква такса,односно надомест за остварување на горенаведените права, освен кога тоа во зависност од Вашето барање е поврзано со особено голем број на операции или активности кои предизвикуваат фискални импликации за што ќе бидете однапред информирани. Во врска со напред наведеното, предвидени се одредени исклучоци и согласно Законот за заштита на личните податоци. За остварување на Вашите права,односно постапување по Вашето Барање, согласно законот имаме рок од 30 (триесет) дена.
Заради олеснување на остварувањето на Вашите права како субјект на лични податоци на овој ЛИНК можете да ги најдете подготвените обрасци од наша страна. Согласно Вашите потреби, избраниот образец го симнувате(download) или печатите(print) го пополнувате и го испраќате во електронска комуникација на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или во хартиена форма на нашата поштенска адреса.
Посетувате настан, учесник сте на лотарија, семинар односно работилница или сте дел од наградна игра или забавна игра.
Цел и законски основ за обработка:
Нашата цел за собирање на овие информации, односно лични податоци е да можеме да го реализираме настанот и да Ви обезбедиме соодветна, квалитетна и прифатлива услуга.
Законската основа на која се потпираме за обработка на вашите лични податоци е нашиот легитимен интерес согласно Закон за игри на срека и забавните игри а во одредени околности и Вашата согласност.
Она што ни треба, односно што треба да го знаете во ваков случај е:
Доколку сакате да присуствувате на некој од нашите настани, од Вас ќе биде побарано да ги дадете Вашите информации, односно лични податоци за контакт, вклучувајќи го и името на Вашата организација/институција и доколку Ви се потврди присуството, може да побараме и одредени информации за Ваши преференци и навики доколку се работи за настан кој се држи со физичко присуство. Ние исто така може да побараме плаќање ако има предвидено надомест за присуство,односно учество.
Зошто ни требаат овие информации?
Ние во прв ред ги користиме овие информации за да го олесниме одржувањето на настанот и да Ви обезбедиме квалитетна услуга, но во одредени случаи ги користиме и за исполнување на цели согласно Закон. Исто така ни требаат овие информации, односно лични податоци не често пати ни требаат за да можеме да Ве комуницираме или да Ви одговориме на некое Ваше барање.
Ние не ги споделуваме овие информации односно лични податоци со никој, и ги бришеме веднаш по завршувањето на настанот, освен доколку не постојат законски пречки за тоа. Деталите можете да ги видите во делот за колачиња.
Ние не објавуваме списоци со учесници за настани.
Колку долго го чуваме вашите лични податоци?
Кога ја посетувате нашата веб-страница вашиот прелистувач автоматски испраќа информации до серверот на нашата веб-страница, www.novovlt.mk која е привремено зачувана во датотека. Во секој случај, деталите за чување на рокови можете да видите во делот за колачиња.
Заштита на личните податоци при користење на Facebook
На нашата веб страница е интегрирана компонента на Facebook. Facebook е социјална мрежа – место за социјални состаноци на Интернет кое на корисниците им овозможува да комуницираат едни со други во виртуелен простор. Социјалната мрежа може да послужи како платформа за размена на мислења и искуства или за добивање лични или деловни информации. Facebook им овозможува на корисниците да креираат приватни профили, да поставуваат фотографии и да се поврзат преку барања за пријателство.
Facebook, Inc., 1 Hacker Way, Menlo Park, Калифорнија 94025, Соединетите Американски Држави (САД) е контролор на податоците на субјектите од САД и Канада. Ако субјектот живее надвор од САД или Канада, контролор е Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2, Ирска.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата на Facebook (Facebook plug-in), веб пребарувачот на Вашиот информациски систем автоматски се поттикнува да испрати приказ на соодветната компонента на Facebook. Преглед на сите Facebook plug-in може да се обезбеди на https://developers.facebook.com/docs/plugins/. За време на овој технички процес, Facebook е информиран за тоа која веб страница сте ја посетиле.
Facebook секогаш прима информации за посетата на нашата веб страница, кога сте најавени на Facebook за време на посета на нашата веб страница. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Facebook, одјавете го Вашиот кориснички профил на Facebook пред да ја посетите нашата веб страница.
Упатството за заштита на податоците објавено од Facebook е достапно на https://facebook.com/about/privacy/. Тоа содржи информации за собирањето, обработката и употребата на личните податоци од страна на Facebook. Покрај тоа, објаснето е какви поставки нуди Facebook за заштита на Вашата приватност. Дополнително, достапни се различни опции на поставки, за да се оневозможи преносот на податоци на Facebook.
Заштита на личните податоци при користење на Instagram
На нашата веб страница е интегрирана компонентата на Instagram. Instagram е услуга која може да се опише како аудиовизуална платформа, која на корисниците им овозможува споделување на фотографии и видеозаписи, како и ширење на таквите податоци на другите друштвени мрежи.
Facebook Ireland Ltd., 4 Grand Canal Square, Grand Canal Harbour, Даблин 2 Ирска е контролор на личните податоци кои се обработуваат преку Инстаграм.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата веб страница, на која е интегрирана компонентата Instagram (копчето Insta), веб пребарувачот на информацискиот систем на корисникот, автоматски бара да преземе приказ од соодветната Instagram компонента. Во текот на оваа техничка постапка, Instagram знае која веб страница сте ја посетиле.
Доколку истовремено сте пријавени на Instagram, Instagram ги детектира сите посети на нашата веб страница од Ваша страна и севкупното време поминато на нашата веб страница. Тие податоци се собираат преку Instagram компонентата и се поврзуваат со Вашиот Instagram профил. Ако кликнете на Instagram копчето кое е интегрирано на нашата веб страница, Instagram ги поврзува овие податоци со Вашиот личен Instagram кориснички профил и ги зачувува личните податоци.
Instagram прима информации преку компонентата Instagram дека сте ја посетиле нашата веб страница под услов истовремено да сте пријавен на Instagram за време на посетата на нашата веб страница. Тоа се случува независно од тоа дали сте кликнале на Instagram копчето или не. Доколку не сакате овие информации да се пренесуваат на Instagram, одјавете се од Instagram профилот пред да ја посетите нашата веб страница.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на личните податоци на Instagram можат да се најдат на следниот линк:
За Колачињата(Cookies).
Cookies (“колаче”) се мали датотеки кои се користат за прибирање на информации преку кои се овозможува препознавање на вашиот компјутер односно друг уред при вашата следна посета на нашата веб страна со што се овозможува побрз и поадекватен пристап. Исто така, во одредени случаи запишуваме информации во форма на „Cookies“ на Вашиот компјутер,односно друг уред со кој се приклучувате на , www.novovlt.mk со цел да ја приспособиме посетата на интернет страниците според Вашите потреби и навики.
Сите информации кои се меморираат односно чуваат во рамките на „Cookies“ ќе бидат искористени само за потребите на нашата веб страна и тоа на начин на кој Вашата приватност односно лични податоци нема да бидат загрозени.
Со користењето на оваа веб страница www.novovlt.mk ВИЕ се согласувате, односно ги прифаќате одредбите кои се наведени во Политиката за приватност и колачиња на Контролорот.
Зошто користиме колачиња (Cookies)?
На оваа веб страница користиме колачиња (Cookies) од следниве причини:
- За техничко функционирање на веб страницата;
- За собирање на збирни и анонимни статистички податоци;
- За да ги запомниме Вашите преференции како да се прикажува страницата (преференции за параметрите на екранот), како на пример контрастот на бојата или големината на фонтот;
- За да запомниме/да се потсетиме, дали се согласувате (или не) со нашето користење на колачиња (Cookies) на оваа веб страница.
Кога ја посетувате нашата веб страница, можеме да собереме некои податоци од Вашето пребарување, како на пример IP адресата, која содржина од веб страницата на Контролорот сте ја посетиле, кога сте ја посетиле и од која веб страница сте биле пренасочени.
Каков вид на колачиња (Cookies) користиме?
Користиме постојани колачиња (Cookies), кои го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот, со цел да се задржи состојбата на корисникот.
Изборот на cookies го правите преку опцијата - Cookie settings, на почетниот екран од web сајтот на Контролорот.
Информации како да ги оневозможите колачињата за сите web сајтови ?
Менито „Помош“ („Help“) во лентата со алатки на Интернет пребарувачот на вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:
- Како да го спречите прифаќањето на нови колачиња во пребарувачот;
- Како да го поставите пребарувачот да ве извести кога ќе примите ново колаче;
- Како целосно да ги исклучите колачињата.
Постојат многу онлајн информации за колачиња во случај да сакате да прочитате повеќе, како што е: http://www.allaboutcookies.org (на англиски јазик).
На пример, кога користите интернет пребарувач, морате да го направите следново:
- изберете „Settings“, а потоа „Internet Options“;
- кликнете на табулаторот „Privacy“;
- со помош на лизгачкото мени да ги изберете опциите што ги преферирате.
Промена на политиката за приватност.
Политиката за приватност и колачиња редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
Почитувани корисници Ви благодариме за посетата на нашата веб страница